Политики

ПОЛИТИКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Политиката на ДГТ “ЖИКОЛ” ДООЕЛ е да обезбеди и одржува безбедни и здрави работни услови, безбедносна опрема и безбедносни системи за работа за сите вработени. Ние исто така, превземаме одговорност за здравјето и безбедноста на другите луѓе кои можат да бидат погодени од нашите активности.

Компанијата прифаќа одговорност:

  • Да обезбеди и одржува безбедни и здрави работни услови во нивните простории и како и во просториите на клиентите, земајќи ги предвид релевантните законски барања.
  • Да обезбеди безбедносна и здравствена обука за вработените релевантна за нивните конкретни операции, со цел за безбедна и ефикасна работа.
  • Соработка со сите заинтересирани страни со отворен и културен дијалог, со цел заеднички да се допринесе за подобрување на безбедноста и здравјето при работата
  • Да стават на располагање соодветни безбедносни уреди и заштитна опрема.
  • За одржување на континуиран интерес за здравјето и безбедноста на сите вработени кои се вклучени во работни активности на компанијата.
  • Компанијата активно ќе врши проценки на ризикот на сите аспекти на работењето.
  • Да се осигура дека сите вработени се свесни за своите одговорности во однос на безбедноста и здравјето, како и животната средина.

Вработените во компанијата имаат обврска да соработуваат во оваа цел:

  • со безбедно и ефикасно работење,
  • со правилно користење на сигурносни уреди и заштитна опрема,
  • со исполнување на законските обврски,
  • со известување за инциденти кои може да доведат до повреда или штета,
  • со почитување на работните процедури и следење упатства со цел да се придонесе за заштитата на здравјето и безбедноста,
  • со соработка во истрагата на несреќи со предметот на воведување мерки за да се минимизира можноста од повторување,
  • со одговорно однесување и превземање на безбедносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

Жикол се стреми да постигне траен просперитет и финансиски успех, но притоа начинот за постигнување на истото за нас има огромно значење. Севкупните активности и квалитетниот начин на работа на нашата компанија мора да имаат позитивно влијание на клиентите, соработниците, вработените и нивните семејства, како и на целото општество. Затоа успеаваме да се поставиме како стабилен субјект на пазарот за проектирање и градење на објекти од високоградба и нискоградба.

За ефикасно спроведување на нашата политика за квалитет, Раководството определува основни цели за квалитетот:

  • проширувања на пазарните зафаќања од Компанијата за секоја година
  • пораст на продажбите
  • зголемена реализација на објекти од нискоградба и високоградба
  • реализација на објекти од високоградба со сопствена инвестиција
  • намалување на рекламациите од клиенти – бројка или финансов еквивалент
  • зголемување на оперативната и економичната ефективност при реализација на објекти
  • проширување на дејноста на територијата на државата

За постигнување на овие цели, напорите се насочени во исполнувањето на следните дејности/работи и задачи:

  • разработка и поддршка на флексибилна маркетиншка политика
  • реорганизација и подршка на сектор за набавки, кој ќе овозможи набавка на материјали со соодветен квалитет и ќе остави простор на оперативата да посвети поголемо внимание да истите се вградат со соодветни методи
  • во тековната година да се насочат активности за посоодветно презентирање на Компанијата пред клиентите
  • осигурување и поддршка на ефикасна и безбедна работна средина
  • обезбедување на висококвалификувани кадри со воспоставена континуирана обука. Подржување на потребните професионални сертификати за работниците
  • квалитетно контролирање на сите фази при реализација на објектите
  • вршење периодична анализа на нормативните документи, проценка на влијание на извршени активности од наша страна, како и постојано спроведување на сите обврски дадени во овој вид документ
  • компанијата ќе настојува своите активности да ги врши согласно PDCA системот.
  • вградување, подршка и реализација на барањата на интегрираниот систем за управување со квалитет согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14 001:2015 и OHSAS 18 001:2007, а соодветно на тоа и успешна сертификација.

Нашите службеници и работници се одговорни за квалитетот на предлаганите производи и услуги во рамките на својата службена компетентност и се стремат кон недопуштање на несоодветности со барањата за квалитет. Адекватното обучување и квалификација на вработените се претпоставка за висок професионализам, респективно за квалитетот на нашето работење, произведуваните продукти/производи.

Квалитетот на нашите услуги значително зависи од квалитетот на вградените материјали. Затоа ние бараме од нашите добавувачи, највисок квалитет и бараме најтесна соработка со нив при постигање на општите цели на квалитет.

Постојните подобрувања во Системот за управување со квалитетот се решавачки за успехот на стратегијата на компанијата како целина. За нас е важно, не само да бидат отстранети несоодветностите во производите и услугите, туку и причините кои доведуват до тоа.

Ние сакаме, клиенти кои се задоволни од нашата работа.

Оценката на клиентите за квалитетот на нашето работење е мотив да продолжиме да се усовршуваме.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Фирмата ДГТ „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ, Струмица има за цел континуирано подобрување на заштита на животната средина, одржување и развој на спроведениот систем за управување во согласност со барањата на ISO 14001:2015 при спроведување на релевантните законски и регулаторни барања.

Оваа политика е насочена кон развој на сите активности и процеси прифатливи за животната средина на начин и во рамките на следниве раководни принципи:

  • Заштита на животната средина преку намалување на загадувањето на воздухот, водата, почвата и управување со отпад;
  • Постигнување на согласност со правните и доброволно прифатени барања за заштита на животната средина кои се однесуваат на активности, процеси, производи и услуги на Компанијата и нивните аспекти;
  • Економичната потрошувачка на природните и енергетски ресурси;
  • Намалување на минимум и по можност спречување на загадувањето на животната средина преку прифаќање на долгорочни и краткорочни програми;
  • Примена на најдобрите достапни техники и технологии, кога е можно и економски соодветно;
  • Стремеж кон повторната употреба и рециклирање на генерирање отпад, како и нивното правилно искористување и депонирање;
  • Набљудување и мерење на клучните карактеристики на процесите и активностите кои имаат значајно влијание врз животната средина;
  • Обезбедување на потребната обука и зајакнување на персоналната одговорност кон заштита на животната средина;
  • Активна соработка со овластените организации за контрола на животната средина.

Раководството на ДГТ „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ, Струмица го задолжува персоналот на фирмата да ги применува принципите и барањата што произлегуваат од политиката за животна средина и да ги применуваат при извршување на службените обврски. Личната одговорност на секој вработен за заштита на животната средина, како и почитување на принципите кои произлегуваат од спроведениот систем за управување, се обврска на секој еден од вработените во компанијата.