Изведување нискоградба
Инвестираме во квалитет, градиме сигурност.

ДЕТАЛИ ЗА УСЛУГАТА
Следејќи ги современите архитектонски текови, но истовремено негувајќи ги и националните компоненти и одбележја на македонската традиција, ЖИКОЛ изработува архитектонски и градежни проекти за сите типови на градежни објекти и објекти од високоградба, кои успешно се прилагодуваат во различно урбанистичко опкружување, со ентериерно и екстериерно уредување на просторот, не занемарувајќи го при тоа и индустрискиот дизајн.

Нискоградба
Инвестираме во квалитет, градиме сигурност.
ЖИКОЛ како градежен изведувач функционира во широк опсег со подеднаква професионална посветеност во сите области во кои работи. Долгогодишното искуство и професионалниот однос на нашите вработени кон нивните работни обврски се суштинска основа врз која се гради нашата ангажиранст во изведбата на различни објекти од нискоградба: атмосферски и фекални канализации, водоводи, топловоди, надвозници и други објекти.
Портфолио на реализирани проекти:
- Уредување на речно корито (бетонирање и ѕидање)
- Асфалтирање на патишта и улици
- Ѕидање на одводен канал
- Ископи за подземни исталации
- Изведба на топловоди
- Изведба на канализации
- Изведба на гасоводни мрежи
- Изведба на водоводни мрежи
- Изградба на преливник на брана
- Изградба на надвозник
- Изградба на резервоари за вода
- Изградба на базени
- Изградба на прочистителни станици
- Изградба на булевари
- Изградба на велосипедски патеки
- Изградба на фонтани
- Изградба на паркови
- Изградба на плоштади