Мисија и цели

Во ЖИКОЛ интегритетот и вистината не се само обични ветувања. Тие се фундаментот на нашата работа исто како и сигурните темели врз кои ги градиме нашите идеи. Страста кон она што го работиме е моќна алатка во реализацијата на нашите цели.

Во остварувањето на нашата мисија се водиме според безвременските принципи:

  • Дисциплина
  • Реализација во зададените рокови
  • Секогаш во потрага по најдоброто решение
  • Целосна одговорност кон клиентите
  • Посветена тимска работа и долгорочни односи
  • Највисок квалитет на услугите
  • Ексклузивна изведба
  • Ефикасност, економичност и функционалност
  • Континуирана репродукција на иновативни идеи
  • Безбедност на работното место

ЖИКОЛ општествено одговорна компанија

Иако по дефиниција целта на секое претпријатие е да оствари профит, ние како ЖИКОЛ сметаме дека е многу значаен и патот и начинот на кој се остварува истиот. Целокупните активности и начинот на работа на претпријатието мора да имаат позитивно влијание на клиентите, соработниците, вработените и нивните семејства ,па и на целото општество.

ЖИКОЛ е компанија која доследно ги почитува и применува правилата на општествената одговорност:

  • Почитување на основните права на човекот
  • Етичко и чесно работење
  • Почитување и рамноправно однесување кон вработените
  • Одговорност кон околината
  • Почитување на односот кон локалната заедница и поширокo

ЖИКОЛ како компанија која е општествено одговорна, својата филозофија ја темели врз грижата за граѓаните и заедницата. Одговараме на потребите на заедницата со поддржување на организации и активности кои го подобруваат квалитетот на живеење, каде што нашите клиенти, партнери, снабдувачи, изведувачи, членови на локалните заедници и вработени работат, живеат и водат бизнис.

ЖИКОЛ практикувањето на општествената одговорност го има цврсто интегрирано во својата бизнис култура и работење.

Истакнатиот однос на Елена Пандева-Китрозоска кон заедницата, беше награден со признанието за Корпоративна филантропија доделено од Центарот за институционален развој (ЦИРА) во 2010 година.

SLIDER GOES HERE

Некои од организациите, настаните и проектите кои ги имаме поддржано во изминативе години:

  • Општина Гази Баба – Плоштад во Автокоманда
  • Општина Аеродром – Црква Св. Никола
  • Општина Аеродром – Црква Св. Ѓорѓија
  • Општина Аеродром – Игралиште за мали спортови
  • Општина Аеродром – Црква Св. Илија
  • Општина Аеродром, с. Долно Лисиче – Игралиште во ОУ „Гоце Делчев“
  • Општина Кочани – Црква Св. Благовештение
  • Манастир Св. Јован Бигорски
  • Градежен факултет – Друштво за геотехника на Македонија
  • BALWOIS Конференција – Охрид 2012
  • Архитектонски факултет – Учество на креативна работилница
  • Индивидуални донации на студенти за учество на семинари, симпозиуми и конференции
  • Гимназијада Скопје 2010 год
  • Градежен факултет – 37 Градежнијада во Будва и 38 Градежнијада во Копаоник
  • Меморијален центар Никола Кљусев – Градежни активности за потребите на фондацијата
  • Зоолошка градина – Скопје – Градежни активности
  • Општина Аеродром – пет проекти за паркови со водена тематика, „Парк на езерата“, фонтани и др.
  • Македонска православна богословија – Матурско поклоничко патување
  • ЕЕСТЕК Локален комитет (Електротехнички факултет) – Семинар Feel the energy
  • ОУ Мирче Ацев – Опремување на училници
  • ТФА АФ Струмица – Филмски фестивал Астер фест Струмица
  • Друштво на градежни конструктори – Меѓународен симпозиум
  • Македонска Православна Црква – Црква Св. Спас во с. Ангелци
  • Шаховска федерација на Македонија – Меѓународен шаховски турнир
  • Македонска Православна Црква – Струмичка епархија
  • Здружение Таленти – Хуманитарен концерт
  • Архитектонски факултет – Учество на меѓународна летна школа
  • Струмица, с.Турново – Црква Св. Петка и Св. Ѓорѓија
  • Струмица, с.Раборци – Црква Св. Кирил и Методиј
  • Ограден ѕид на резиденцијалниот комплекс на МПЦ со апликации од христијанството
  • Хуманитарни донации на граѓани за лечење во странство
  • Заедно со Елена Лука (која е основана од Жикол) имаме учествувано на голем број хуманитарни акции и донаторски настани за подршка на Домовите за децата без родители, СОС Детското село, Домовите за стари лица, болници, итн.