Техничка опременост

  • Технологијата вреди повеќе кога е во рацете на вистинските градежници.

Примената на технологијата е основен предуслов во остварување на иновативната работа. Кога правилно се интегрира вистинската идеја со вистинските луѓе и современиот технолошкиот арсенал, тогаш не постои невозможна мисија. Врз основа на диверзифицираната опрема која ја поседува ЖИКОЛ се овозможува широк избор за нашите клиенти. ЖИКОЛ располага со висококвалитетна механизација и современ возен парк кои ги следат светските професионални стандарди во градежната индустрија и тоа: преку 50 лесни  возила,  над 60 товарни возила, 10 приколки и над 90 градежни машини како дампери, финишери, трактори, булдожери, виљушкари, грејдери, компресори, ровокопачи, багери, мини багери, багери гасеничари, ваљаци, утоварачи, мини утоварачи, и уште многу видови на механизација и машини.