Жикол сигурноста и квалитетот ги гради врз темелите на традицијата, исуството и знаењето.
Од 1987 година, Жикол е лидер во градењето на Вашата иднина, денес. Успешно одговарајќи на временските и технолошките предизвици, ние создадовме бренд во градежната индустрија чиј потпис го носат голем број успешно реализирани проекти.
Жикол ги почитува правилата на пазарот, барањата на клиентите, уметноста на создавањето и предноста на знаењето.
Благодарение на тимот професионалци за Жикол не постојат рокови кои не можат да се стигнат и квалитет кој не може да се достигне.
Со сигурни чекори продолжуваме во остварувањето на нашата визија.
Нашите луѓе се мотивирачката сила за сигурниот успех.
Вистински луѓе на вистински позиции – ова е водечката девиза во менаџирањето со човечките ресурси во ЖИКОЛ. Висококвалификувани професионалци со долгогодишно искуство во својот сектор ја гарантираат сигурноста и го потврдуваат квалитетот на нашата работа.