ЖИКОЛ - СУПЕРБРЕНД ЗА 2015/2016 ГОДИНА

28

ЖИКОЛ – супербренд за 2015/2016 година .

Почитувани ,сакаме да ве известиме дека ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица е избран за супер бренд за 2015/2016 година .

Изборот на ДГТ Жикол за супер бренд на Македонија за 2015/16 година е уште една потврда за успехот на нашата компанија и стремежот да бидеме прв избор на градежна компанија за клиентите кои и понатаму може да очекуваат високо ниво на услуга и нови производи креирани согласно нивните потреби а за нас претставува мотив плус за да продолжиме понатаму да ги одржуваме и негуваме овие вредности.
Внимателно одбрани експерти го прогласија нашиот бренд како лидер врз основа на критериумите за квалитет, сигурност, различност, применувајќи ги меѓународните стандарди на Superbrands.

Следејќи го овој принцип ЖИКОЛ уште од 1987 година е дел од спомените на многу успешни семејни приказни. Нашето искуство и професионалност ги поврзува квалитетот, сигурноста, иновацијата, функционалноста и естетското чувство во изградбата на Вашиот ДОМ, животен простор каде среќните моменти се секојдневие.

Технолошкиот напредок и потребите на клиентите со текот на годините ги менуваат стандардите во градежната индустрија, но принципите на сигурност, квалитет и професионалност во работата остануваат непроменливи фактори за нашиот заеднички успех.

Пазарните брендови со највисоки оценки од експертите и потрошувачите се наградуваат со Superbrands статусот и се повикуваат активно да го капитализираат преку користење на наградниот знак и објава на профилот на својот бренд во годишната Superbrands публикација.

Членството во Superbrands е можно само со покана.