ДГТ ЖИКОЛ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ИЗВЕДБА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ДУКАТИНО

59

Денес претставник на ДГТ Жикол и Градоначалникот на Општина Василево Г-дин Ванчо Стојанов го потпишаа договорот за изведба на повеќенаменско игралиште во населено место Дукатино. Градежните работи од овој договор ќе ги изведи ДГТ Жикол.

Според техничката документација игралиштето е со стандардни димензии и истото ќе биде опремено со стативи и кошеви со што ќе се овозможи спортување на повеќе различни спортови. Осветлувањето со рефлектори ќе овозможи спортување и во ноќните часови. Заради оптимално спортување игралиштето ќе биде и оградено.