ДГТ "ЖИКОЛ" ПОТПИША ДОГОВОР СО О.ВАСИЛЕВО ЗА ДВА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

62

ДГТ “Жикол” потпиша договор за изградба на две улици и тоа улицата порој во с.Сушево и изградба на улица 5 во индустриската зона КО Градашорци. Улицата порој која е со должина од 1 200 метри ќе има бехатонска пешачка патека со ширина од 5 метри и ќе биде осветлена со канделабри. Улицата 5 во индустриската зона КО Градашорци која е со должина од 500 метри ќе има  бехатонска пешачка патека со ширина од 1,5 метри како и осветлување. Ова се два нови проекти кои ДГТ Жикол ќе ги реализира наскоро.

Буџетот за изградба на овие две улици е финансиран од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.