ДГТ ЖИКОЛ ОВА ГОДИНА Е НОМИНИРАНА ЗА НАЈУСПЕШНА КОМПАНИЈА ВО КАТЕГОРИЈА СО ГОДИШЕН ОБРТ ОД 0 – 25 МИЛИОНИ ЕВРА

25
Оваа номинација е доказ дека квалитетот и сигурноста се градат врз темелите на традицијата, со визија предводена од иновацијата.

Континуираниот прогрес на ЖИКОЛ, предводен од претприемачкиот дух и иновативните идеи , ја дефинираше оваа компанија како македонски бренд – ЛИДЕР во градежната индустрија и повеќе од 25 години успешно ја гради својата мисија.

Технолошкиот напредок и потребите на клиентите со текот на годините ги менуваат стандардите во градежната индустрија, но принципите на сигурност, квалитет и професионалност во работата остануваат непроменливи фактори за нашиот заеднички успех!

Вработените се дел од семејството, клиентите се нивниот водечки мотив, а општествената одговорност е примарниот принцип во нивната работа.

Благодарение на тимската работа, долгорочните врски и квалификуваниот кадар во областа на архитектурата, градежната изведба и развојот на пазарот на недвижнини и нивната беспрекорно синхронизирана работа, подготвени сме да одовориме на различните барања на нашите клиенти и да им помогнеме во изградбата на нивната сигурна иднина. Денес!

 

Општествената одговорност е нашиот основен принцип на работа…

Еден од основните приоритети во професионалното работење на ЖИКОЛ е почитување на еколошката етика и заштита на околината, што практично е применето во секој наш проект преку користење на програми за нулта емисија на штетни материи, како и користење на материјали кои што се компатибилни со околината, со цел да се осигура заштита на секој вработен на неговото работно место, како и на опкружувањето.Изборот кој што го правиме не важи само за денес и само за нас! Нашата општествена одговорност е долгорочна и резултатите од истата е наследство за идните генерации.

Како водечка компанија во својот сектор со целосно приватен капитал, ЖИКОЛ го обезбдедува комплетниот опсег на услуги во областа на градежништвото и пазарот на недвижнини.

За ЖИКОЛ заслужено да ја добие оваа награда задоволните потрошувачи можете да гласате на овој ЛИНК! http://www.businessawardseurope.com/vote/detail-new/the-business-of-the-year-award-with-turnover-od-0-25/17406