КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

 

КОНТАКТ СКОПЈЕ

Митрополит Теодосиј Гологанов 130 
1000 Скопје

тел. +38923122452
тел. +38923211353
моб. +38970214369
факс. +38923122410
contact@zikol.com.mk

 

КОНТАКТ СТРУМИЦА

Индустриска зона - Север

П. Фах 122 Струмица
тел. +38934320990
тел. +38934320991
факс. +38934320992
contact@zikol.com.mk

 

КОНТАКТ АГЕНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ

Митрополит Теодосиј Гологанов 130 
1000 Скопје

тел. +38934320990 *за продажба
тел. +38923122410
тел. +38923122452
моб. +38970214369
contact@zikol.com.mk

КОНТАКТ ФОРМА







Контакт / Contact
ДГТ ЖИКОЛ

 

ЖИКОЛ е лидер во градењето на Вашата визија. Ние сме градежници пред сè и тоа нè разликува од другите!

Вистинските животни вредности секогаш се во хармонија со квалитетниот животен стил. Следејќи го овој принцип ЖИКОЛ уште од 1987 година е дел од спомените на многу успешни семејни приказни. Нашето искуство  и професионалност ги поврзува квалитетот, сигурноста, иновацијата, функционалноста и естетското чувство  во  изградбата на Вашиот ДОМ, животен простор каде среќните моменти се секојдневие.

Континуираниот прогрес на ЖИКОЛ, предводен од претприемачкиот дух и иновативните идеи на управителот Живко Пандев, ја дефинираше оваа компанија како македонски бренд - ЛИДЕР во градежната индустрија и повеќе од 25 години успешно ја гради својата мисија. Како водечка компанија во својот сектор со целосно приватен капитал, ЖИКОЛ го обезбдедува комплетниот опсег на услуги во областа на градежништвото и пазарот на недвижнини. Ние ги почитуваме правилата на пазарот, уметноста на создавањето и предноста на самоувереноста базирана на знаењето. Технолошкиот напредок и потребите на клиентите со текот на годините ги менуваат стандардите во градежната индустрија, но принципите на сигурност, квалитет и професионалност во работата остануваат непроменливи фактори за нашиот заеднички успех!

Нашите вработени се дел од семејството...

Природата на  релациите помеѓу нашите вработени е сродна со односите помеѓу членовите на едно семејство. Сите функционираме во име на остварување на заеднички позитивни цели кои пред се ќе го потврдат нашиот квалитет, а истовремено ќе ги задоволат највисоките барања на пазарот. Благодарение на тимската работа, долгорочните врски и квалификуваниот кадар во областа на архитектурата, градежната изведба и развојот на пазарот на недвижнини и нивната беспрекорно синхронизирана работа, подготвени сме да одовориме на различните барања на нашите клиенти и да им помогнеме во изградбата на нивната сигурна иднина. Денес!

Клиентите се нашиот водечки мотив...

Во односот со своите клиенти, ЖИКОЛ секогаш е максимално посветен на професионалната реализација на идеите и задоволување на потребите и секогаш е подготвен да одговори на предизвиците.  Кога прашањата се комплицирани, а ризикот непроценлив, од суштинско значење е одговорот да го побарате кај вистинските професионалци.

ЖИКОЛ гради сигурност и квалитет врз темелите на традицијата, за која потврда е импресивното портфолио на реализирани проекти. Долгогодишното искуство на ЖИКОЛ вклучува изведба на голем број на проекти од нискоградба и високоградба и тоа за инвеститори како: Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски, Македонски телекомуникации како и многу други програми финансирани од различни европски институции: Европска Агенција за Реконструкција, Европска Банка за Поддршка и Развој, PROWA, СИП-програма финансирана од KFW-BANK  и голем број други ангажмани во хронологијата на нашата компанија. Работното искуство ни обезбеди поголема флексибилност и подобра организираност, кои се исклучително значајни  предиспозиции кои обезбедуваат поголема конкурентност на пазарот. Високо поставените амбиции со цел што поквалитетна и професионална услуга, како и лоцирање на подобра позиција на пазарот, беа основен мотив за имплементирање на системот за управување со квалитетот ISO 9001:2000 со што од март 2005 година, Д.Г.Т Жикол се здоби со Сертификат за управување со квалитетот.

 

Општествената одговорност е нашиот основен принцип на работа...

Ние се грижиме за општеството на кое му служиме.

Високи перформанси. Еколошки стандарди. Долготрајност. Секој од  овие концепти е во интерес на нашата идеологија: Ја градиме Вашата сигурна иднина денес.

Еден од основните приоритети во професионалното работење на ЖИКОЛ е почитување на еколошката етика и заштита на околината, што практично е применето во секој наш проект преку користење на програми за нулта емисија на штетни материи, како и користење на материјали кои што се компатибилни со околината, со цел да се осигура заштита на секој вработен на неговото работно место, како и на опкружувањето.Изборот кој што го правиме не важи само за денес и само за нас! Нашата општествена одговорност е долгорочна и резултатите од истата е наследство за идните генерации.