КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

 

КОНТАКТ СКОПЈЕ

Митрополит Теодосиј Гологанов 130 
1000 Скопје

тел. +38923122452
тел. +38923211353
моб. +38970214369
факс. +38923122410
contact@zikol.com.mk

 

КОНТАКТ СТРУМИЦА

Индустриска зона - Север

П. Фах 122 Струмица
тел. +38934320990
тел. +38934320991
факс. +38934320992
contact@zikol.com.mk

 

КОНТАКТ АГЕНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ

Митрополит Теодосиј Гологанов 130 
1000 Скопје

тел. +38934320990 *за продажба
тел. +38923122410
тел. +38923122452
моб. +38970214369
contact@zikol.com.mk

КОНТАКТ ФОРМА







Контакт / Contact
ДГТ ЖИКОЛ

01На 16-ти Мај на Градежниот Факултет во Скопје, беше презентиран Сочевиот симулатор – ХЕЛИОДОН.

Во присуство на деканот на Градежен факултет Проф. д-р Милорад  Јовановски, деканот на Архитектонски Факултет Проф. Д-р Минас Бакалчев, како и претставници од Американската Амбасада во Скопје и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, Проф. Норберт Лекнер го презентираше сончевиот симулатор ХЕЛИОДОН.

Тоа е направа која служи за симулација на сончевото зрачење на одредена географска ширина, при определен датум од годината и во точно време од денот. Оваа направа помага за одредување и реално прикажување на аголот на упадниот сончев зрак и вкупната соларна геометрија која би се рефлектирала врз објектот што е предмет на истражување, односно анализирање.

На 14 и 15 мај во просториите на ДГТ Жикол, се одржа работилница на која под менторство на проф. Норберт Лекнер (Auburn UniversityAlabama – USA), студентите од државниот Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Градежен и Архитектонски факултет од Скопје, како и студенти од приватните високо образовни институции МИТ Универзитет и Американ Колеџ, изработија Хелиодон.

Работилницата и изработката на ХЕЛИОДОН, беа спонзорирани и финансирани од ДГТ Жикол, а самиот сончев симулатор ХЕЛИОДОН, по неговата изработка беше дониран на Градежниот факултет.

Тој може да им помогне на истражувачите, инженерите и архитектите да ги разберат основните концепти за дизајн на нискоенергетски и пасивни објекти и нив да ги применуваат во практика. Хелиодонот е моќна алатка за демонстрација на потенцијалот и на логиката на ZNEB објекти (solar responsive design/zero-net energy building).

Хелиодонот по својата функција првенствено е наменет за студенти по архитектура и архитекти, како и градежни инженери кои ќе можат во „реално време“ да предвидат: најповолна поставеност на објектот во однос на сончвото зрачење; обликување на објектот за максимално искористување на сончевото зрачење при создавање на ниско енергетски или пасивни објекти; дефинирање на аголот на фасадната рамнина за искористување на максималното продирање на сончевиот зрак и сончевата топлина во објектот; соодветни засенчувања – настрешници, жалузини, ролетни и сл.; сенки кои се создаваат од самиот објект, како и сенките што ги создаваат околните објекти и дрвјата врз објектот што е предмет на истражување; најповолна положба за поставување на фотонапонски ситеми и сончеви колектори за топла санитарна вода.

Организатори и покровители на работилницата и презентацијата беа ДГТ „ Жикол“ и Здружението 2Х Енергетска Ефикасност.


02
03